Тава Pro 27cm Tava

2.090,00 ден

Најновиот модел на брендот TAVA се разликува од останатите бидејќи нема потреба од постапка на “seasoning” пред прва употреба. Дијаметар од 27 cm со нов дизајн и препознатлив квалитет со компактна големина и помошна рачка за полесно ракување.

  • Капацитет: 2-3 порции
  • Материјал: Леано железо (без никакви штетни премази и слоеви, НЕМА ТЕФЛОН)
  • Употреба: На сите видови шпорети, вклучувајќи индукција, во рерна и на отворен оган
  • Одлично задржување на топлина и природна нелеплива површина со правилно користење
  • Неопходно е правилна техника на готвење за да не ви лепи тавата, гответе на средно-ниска температура и одржувајте ја правилно површината на тавата

❌ Не се пере во машина за садови (само рачно миење и сушење)

На залиха

Како и другите модели изработена е од висококвалитетно леано железо (гус),овозможува исклучително задржување и рамномерна распределба на топлината, што ја прави совршена за пржење, печење, подготовка на зеленчук и традиционални рецепти.

⚠️ Важно за користење и одржување

Бидејќи тавата не е емајлирана, потребно е правилно одржување за да се зачува квалитетот и функционалноста:

  • Пред прва употреба, нема потреба од “seasoning”.

    Сепак, со текот на времето, пожелно е оваа постапка повремено да се применува за да се подобри и одржи заштитниот слој на тавата, како и нејзините нелепливи својства.

    (постапка на премачкување на тавата со сончогледово масло (никако маслиново) и печење во рерна)

  • По миење, секогаш целосно исушете ја и нанесете тенок слој масло. Влагата е најголем непријател на овие тави и било какво подолго изложување на влага може да ја кородира тавата.

  • Може да се користи и железен прибор за готвење

  • Гответе на пониска температура од вообичаено
  • Избегнувајте долготрајно киснење во вода

  • Не чувајте храна во тавата подолго време

Со правилна грижа, оваа тава ќе трае со децении и ќе биде незаменлив дел од вашата кујна.

Тавата од леано железо TAVA е совршен избор за оние што ја ценат традицијата, издржливоста и вистинскиот вкус на храната – сад кој се пренесува од генерација на генерација.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават рецензија.

Кошничка
Тава Pro 27cm TavaТава Pro 27cm Tava
2.090,00 ден

На залиха

Scroll to Top