Грил тава 27х27 Tava

2.100,00 ден

Изработена од масивно леано железо(гус) со испакнати грил ребра, тавата создава препознатливи грил линии, овозможува одвојување на маснотиите и рамномерно печење. Совршена е за месо, риба, зеленчук, хамбургери и сендвичи, обезбедувајќи богат вкус и сочна текстура.

⚠️ Важно за користење и одржување

Бидејќи тавата не е емајлирана, потребно е правилно одржување за да се зачува квалитетот и функционалноста:

  • Пред прва употреба, треба да се направи “seasoning” (постапка на премачкување на тавата со сончогледово масло (никако маслиново) и печење во рерна)

  • По миење, секогаш целосно исушете ја и нанесете тенок слој масло. Влагата е најголем непријател на овие тави и било какво подолго изложување на влага може да ја кородира тавата.

  • Може да се користи и железен прибор за готвење

Со соодветна грижа и правилно користење површината развива природен нелеплив слој, што ја прави тавата сè подобра со текот на времето.

Со TAVA грил тавата, секое јадење добива вистински грил карактер – вкус што се памети и квалитет што трае.

На залиха

Ако сакате автентичен грил вкус и совршено пржење, грил тавата од леано железо TAVA е одличен избор за вашата кујна. Дизајнирана за високи температури и интензивна употреба, оваа тава овозможува професионални резултати во домашни услови.

  • Материјал: Леано железо (без никакви штетни премази и слоеви, НЕМА ТЕФЛОН)
  • Употреба: На сите видови шпорети, вклучувајќи индукција, во рерна и на отворен оган
  • Одлично задржување на топлина и природна нелеплива површина со правилно користење
  • Неопходен е правилен процес на seasoning за да се формира нелеплив слој на тавата

❌ Не се пере во машина за садови (само рачно миење и сушење)

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават рецензија.

Кошничка
Грил тава 27х27 TavaГрил тава 27х27 Tava
2.100,00 ден

На залиха

Scroll to Top