Изработена од висококвалитетно леано железо (гус), оваа тава е речиси неуништива.
Овозможува исклучително задржување и рамномерна распределба на топлината, што ја прави совршена за пржење, печење, подготовка на зеленчук и традиционални рецепти.
⚠️ Важно за користење и одржување
Бидејќи тавата не е емајлирана, потребно е правилно одржување за да се зачува квалитетот и функционалноста:
- Пред прва употреба, треба да се направи “seasoning” (постапка на премачкување на тавата со сончогледово масло (никако маслиново) и печење во рерна)
- По миење, секогаш целосно исушете ја и нанесете тенок слој масло. Влагата е најголем непријател на овие тави и било какво подолго изложување на влага може да ја кородира тавата.
- Може да се користи и железен прибор за готвење
- Гответе на пониска температура од вообичаено
- Избегнувајте долготрајно киснење во вода
- Не чувајте храна во тавата подолго време
Со правилна грижа, оваа тава ќе трае со децении и ќе биде незаменлив дел од вашата кујна.
Тавата од леано железо TAVA е совршен избор за оние што ја ценат традицијата, издржливоста и вистинскиот вкус на храната – сад кој се пренесува од генерација на генерација.



















Рецензии
Сеуште нема рецензии.