Тава 30cm Tava

2.460,00 ден

Тавата од леано железо TAVA со дијаметар од 30 cm е идеален избор за сите што бараат издржлива и квалитетна тава за секојдневна употреба. Благодарение на масивната изработка од природно леано железо (гус), оваа тава обезбедува одлично задржување на топлината и рамномерно готвење, што резултира со совршено подготвени јадења.

  • Капацитет: 3+ порции
  • Материјал: Леано железо (без никакви штетни премази и слоеви, НЕМА ТЕФЛОН)
  • Употреба: На сите видови шпорети, вклучувајќи индукција, во рерна и на отворен оган
  • Одлично задржување на топлина и природна нелеплива површина со правилно користење
  • Неопходен е правилен процес на seasoning за да се формира нелеплив слој на тавата

❌ Не се пере во машина за садови (само рачно миење и сушење)

На залиха

Изработена од висококвалитетно леано железо (гус), оваа тава е речиси неуништива.

Овозможува исклучително задржување и рамномерна распределба на топлината, што ја прави совршена за пржење, печење, подготовка на зеленчук и традиционални рецепти.

⚠️ Важно за користење и одржување

Бидејќи тавата не е емајлирана, потребно е правилно одржување за да се зачува квалитетот и функционалноста:

  • Пред прва употреба, треба да се направи “seasoning” (постапка на премачкување на тавата со сончогледово масло (никако маслиново) и печење во рерна)
  • По миење, секогаш целосно исушете ја и нанесете тенок слој масло. Влагата е најголем непријател на овие тави и било какво подолго изложување на влага може да ја кородира тавата.
  • Може да се користи и железен прибор за готвење
  • Гответе на пониска температура од вообичаено
  • Избегнувајте долготрајно киснење во вода
  • Не чувајте храна во тавата подолго време

Со правилна грижа, оваа тава ќе трае со децении и ќе биде незаменлив дел од вашата кујна.

Тавата од леано железо TAVA е совршен избор за оние што ја ценат традицијата, издржливоста и вистинскиот вкус на храната – сад кој се пренесува од генерација на генерација.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават рецензија.

Кошничка
Тава 30cm TavaТава 30cm Tava
2.460,00 ден

На залиха

Scroll to Top