Како и другите модели изработена е од висококвалитетно леано железо (гус),овозможува исклучително задржување и рамномерна распределба на топлината, што ја прави совршена за пржење, печење, подготовка на зеленчук и традиционални рецепти.
⚠️ Важно за користење и одржување
Бидејќи тавата не е емајлирана, потребно е правилно одржување за да се зачува квалитетот и функционалноста:
-
Пред прва употреба, нема потреба од “seasoning”.
Сепак, со текот на времето, пожелно е оваа постапка повремено да се применува за да се подобри и одржи заштитниот слој на тавата, како и нејзините нелепливи својства.
(постапка на премачкување на тавата со сончогледово масло (никако маслиново) и печење во рерна)
-
По миење, секогаш целосно исушете ја и нанесете тенок слој масло. Влагата е најголем непријател на овие тави и било какво подолго изложување на влага може да ја кородира тавата.
-
Може да се користи и железен прибор за готвење
- Гответе на пониска температура од вообичаено
-
Избегнувајте долготрајно киснење во вода
-
Не чувајте храна во тавата подолго време
Со правилна грижа, оваа тава ќе трае со децении и ќе биде незаменлив дел од вашата кујна.
Тавата од леано железо TAVA е совршен избор за оние што ја ценат традицијата, издржливоста и вистинскиот вкус на храната – сад кој се пренесува од генерација на генерација.












Рецензии
Сеуште нема рецензии.